Во СВР Охрид пријавено е дека на 11.04.2022 година во поранешен ресторан на улицата „Партизанска“ во Охрид пронајден е починат М.Ј.(59) од селото Липец, општина Виница, со престој во Охрид. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото било пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција.