Денес се регистрирани 389 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2 вирусот, од направени 2.633 тестови .

По градови тоа изгледа вака: Скопје – 179, Битола – 33, Штип – 25, Куманово – 20, Прилеп – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Струмица – по 14, Кочани и Гевгелија – по 11, Струга – 7, Тетово и Велес – по 6, Неготино и Демир Хисар – по 4, Кичево, Свети Николе, Ресен и Делчево – по 3, Крива Паланка, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 2, Демир Капија – 1.

Починале 18 лица и сите тие во болнички услови. Најмладите меѓу починатите биле на 35 и на 49 годишна возраст.

Во однос на 35 годишното починато лице од Скопје, истото било со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство а  49 годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапијаж, информираат од Министерството за здравство.

Оздравени се 308 пациенти.