Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Почивај во мир ангелу наш“, „Стоп за сообраќајното насилство“ – граѓаните ѝ одадоа почит на загинатата Викторија

0
By НОВА ТВ Balaban on January 30, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
FOTO 24info.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со транспаренти и маички „Почивај во мир ангелу наш“ и „Стоп за сообраќајното насилство“ стотина луѓе се собраа денеска на мирниот протест на крстосницата на „Партизански одреди“ кај „Сити Мол“, каде пред 10 дена, на 20 јануари, загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, покосена на пешачкиот премин од две години помлад скопјанец Ј.Ѓ.

На протестот, кој го организираше момчето на Викторија, Леонид Даов, кој беше полесно повреден во истата сообраќајка, присуствуваа и членовите на семејството на Викторија и нејзини сограѓани.

Граѓаните палеа свеќи, изразувајќи почит за трагично згаснатиот млад живот и порачаа СТОП за сообраќајното насилство, да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот и да се стави крај на безобѕирното возење по улиците, за да нема одземање невини животи.

На 22-годишниот возач од Скопје дента по несреќата му беше одреден 30-дневен притвор.

Како што тогаш соопштија од Основното јавно обвинителство (ОЈО) „според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница. По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот веднаш по несреќата е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, а нареди и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот со цел да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции“. 

Според Кривичниот законик, максималната казна за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици е 15 години затвор.

(FOTO 24info.mk)

Викторија Николова граѓаните ѝ одадоа почит Леонид Даов мирниот протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.