Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Возачот кој ја усмрти девојката кај Сити Мол е во полициска станица, се чекаат резултати дали бил под дејство на алкохол или наркотици и дали ќе биде притворен

0
By НОВА ТВ Balaban on January 21, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
FOTO Prinstkrin
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 21, 2022 12:23

Вечерва во 20 часот истекува 24-часовното задржување во станица, а дотогаш обвинителството треба да даде предлог дали ќе му биде одреден притвор. Доколку не биде определена таа мерка, тој ќе биде пуштен дома.  Телото на починатата девојка е дадено на обдукција.

Возачот Ј.Ѓ., кој синоќа кај Сити Мол, како што претходно информиравме,  ја усмрти 24-годишната девојка од Радовиш, В.Н, а во тешката сообраќајка беше тешко повреден и нејзиниот сограѓанин Л.Д., е задржан во полициска станица.

Од 22-годишниот Ј.Ѓ. биле земени веднаш и биоматеријали за анализа, крв и урина, за да се провери дали има присуство на алкохол и опојни дроги, потврдија од МВР за НОВА ТВ.

Вечерва во 20 часот истекува 24-часовното задржување во станица, а дотогаш обвинителството треба да даде предлог дали судот ќе му одреди притвор. Доколку не биде определена таа мерка, тој ќе биде пуштен дома. Телото на починатата девојка е дадено на обдукција на Институтот за судска медицина.

– Министерството за внатрешни работи, по насока на јавен обвинител кој ја води истрагата, веднаш ги презеде потребните мерки и активности. Сторителот е приведен во полициска станица, земени се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи. МВР постапува по насоките на обвинителот за целосно расчистување на случајот – изјавија од МВР.

Од Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) информираа дека увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на ТЦ „Сити мол“ во Скопје,  синоќа изврши Јавен обвинител од ОЈО Скопје.

– Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница. По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот веднаш по несреќата е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, а нареди и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот со цел да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции – соопштија од ОЈО.

Обвинителот издал и наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот на местото каде се случи несреќата.

– Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде донесена одлука за натамошното постапување., додаваат од скопското  обвинителство.

​​Момчето од Радовиш Л.Д., кое вчера беше прегазено заедно со девојката, која загина, е во добра здравствена состојба, но сеуште во шок, е пуштено на домашно лекување, велат од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св „Наум Охридски“.

Според Кривичниот законик, максималната казна за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици е 15 години затвор.

(Љ.Б.)

 

 

возачот девојката ја усмрти МВР Основното јавно обвинителство Скопје полициска станица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.