Повеќе од два милиона муслимани денеска го почнуваат аџилакот во Мека, во Саудиска Арабија, а тамошните власти предупредуваат дека нема да толерираат никакви обиди за политизација на овој верски собир во време на тензии во Персискиот залив.
Вкупно 2,5 милиона верници од странство и Саудиска Арабија се пријавиле за годинешниот аџилак.
-Верниците од цел свет добија над 1,8 милиона визи преку интернет, изјави еден од организаторите.
Аџилакот е еден од петте столба на исламот и секој муслимански верник треба да го направи барем еднаш во својот живот, доколку има средства за него.
Годинава аџилакот е во време на големи тензии во Заливот, каде во претходниот период имаше напади врз танкери со нафта, уривање беспилотни летала и запленети танкери.
Иранската агенција Тасним пренесува дека 88.550 ирански верници годинава учествуваат во аџилакот и покрај тоа што Иран и Саудиска Арабија ги прекинаа дипломатските односи.




