Во Ирак денеска, под засилени безбедносни мерки, се одржуваат предвремени парламентарни избори, први од протерувањето на ИД од територијата на земјата.
Освен тоа, станува збор за четврти избори од кога коалицијата предводена од САД го собори режимот на Садам Хусеин.
Околу 7000 кандидати се во трката за 329 места во парламентот, а за сега ниту една партија нема капацитет самостојно да освои мнозинство, па се предвидува дека преговорите околу формирање коалиција и избор на премиер ќе траат со месеци.
За сега не постои фаворит на изборите, а премиерот Хајдер ел Абади се соочува со остра конкуренција од политичките сојузи блиски до Иран.
Во пресрет на изборите, безбедносните мерки се засилени на целата територија. Багдад, Мосул и другите големи градови воведоа полициски час, а ограничени се и патувањата помеѓу провинциите. Од петокот се затворени аеродромот и граничните премини.
Прв пат оваа година, ќе биде користен електронски систем за гласање за да се намалат манипулациите и да се забрза процесот на броење на гласовите.
Резултатите ќе бидат објавени 48 часа по затварањето на избирачките места.




