Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна отстранувањето на линданот во ОХИС

0
By Biljana on July 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 12:32

Денеска во кругот на поранешната фабрика ОХИС стартуваше долгоочекуваното чистење на малата депонија контаминирана со линдан и неговите изомери, жешка точка која претставува голема опасност за животната средина во Скопје. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи дека со оваа акција ќе се реши еден децениски проблем, кој преставува жешка еколошка точка во главниот град.

„Планот, како што беше најавено, е во Франција да се извезе лиданот, а во Холандија да биде извезена контаминираната почва. На почеток од следната година треба да се отстранат првите количини од околу 700 тони контаминирана почва“, рече Нуредини.

Чистењето на линданот од ОХИС ќе го врши меѓународната компанија „Полиеко“ од каде најавија дека активностите на терен ќе се изведуваат во согласност со највисоките стандарди за заштита на околината и животната средина и со уотреба на најмодерни технологии.

„На самата локација ќе биде подигнат специјален шатор, а сите активности ќе се изведуваат во затворен простор со цел да се заштити животната средина и јавното здравје од било каков ризик. Ќе бидат инсталирани специјални единици за негативна филтрација на воздухот, сите работници ќе бидат обезбедени со посебна респираторна заштита. Нема да има третирање на отпадот или на загадената почва на самата локација, тие ќе бидат спакувани во специјални, непропусни контејнери кои се одобрени од ОН и во скгласност со Базелската конвенција ќе бидат транспортирани во лиценцирани објекти во Франција и во Холандија за конечно уништивање“,

Ова е многу важен ден за Северна Македонија затоа што се означува почетокот на решавањето на еден од најголемите предизвици со заштитата на животната средина, истакна на настанот првиот секретар на норвешката Амбасада, Стефан Сандста.

„Беше потребна многу напорна, повеќе децениска работа, но сме среќни што заедно со сите партнери успеавме да го реализираме овој проект. Се надеваме дека во иднина, преку Повеќепартнерскиот фонд за заштита на животната средина, ќе успееме да привлечеме и други партнери и организации да ни се преклучат“, рече тој.

За чистењето на малата депонија во поранешен ОХИС, Министерството за животна средина воспостави соработка со две агенции, УНИДО и УНОПС. За оваа намена Глобалниот еколошки фонд обезбедил 3,1 милиони долари, кој за прв пат финансира вакв проект во регионот на Југоисточна Европа. Остатокот од средствата за чистење на малата депонија е обезбеден од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина, формиран во соработка со Кралството Норвешка, од каде биле издвоени 1,5 милиони евра за овој проект.  Во овој Фонд, Владата на РСМ учествува со 1,7 милиони евра, а се очекуваат и дополнителни 2.5 милиони евра преку ИПА 3 програмата.

Од компанијата „Полиеко“ информираа дека линданот и изомерите се наоѓаат во бетонски басен закопани на длабочина од 1.70 м, но екипите ќе ископуваат и подлабоко доколку се утврди дека опасниот отпад продрел и подлабоко во земјата. Во моментов ќе почнат подготвителните активности за расчистување на малата депонија, а целата операција треба да трае 12 месеци, односно лиднанот од малата депонија да биде исчистен до крајот на јули следната година.

За време на целата операција за отстранување на линданот, мониторинг и на самата локација и на амбиенталниот воздух ќе врши специјализиран тим од Кралството Норвешка.

Според податоците на Министерството за животна средина во малата депонија се скадирани 7.000 тони линдан и уште 52.000 тони во големата депонија во кругот на фабриката.

Биљана Божиновска

Линдан Охис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.