Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна со работа првиот танцов театар во Македонија

0
By on February 13, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 13, 2013 16:51

„Скопје танцовиот театар“ почна со работа на програмата за 2013 година, како прва современа танцова компанија во Македонија.

-Минатата година, „Интерарт“ културниот центар и Министерството за култура потпишаа тригодишен договор за соработка, преку кој ќе се финансира програмата на овој единствен танцов театар кај нас и со кој се промовира поддршката на државата на претприемништво во културата, вели Рисима Рисимкин, уметнички директор на театарот.

Еден од првите гости на програмата во Скопје е Тим Персент, кој работи со танчерите на Скопје танцовиот театар.
Тим Персент е врвен танчер, кореограф и педагог. Тој се здобива со балетско образование во престижната Ballet Rambert School во Лондон, а веќе долги години работи и живее во Холандија, каде што постигнува завидна кариера и важи за еден од најдобрите танчери на својата генерација. Во рамките на минатогодишниот интернационален фестивал од светско значење Holland Dance Festival во Хаг, Холандија, тој имаше вечер посветена на неговото дваест и пет годишно творештво на интернационалната современа сецена. Во 2004 година ја добил престижната награда Златен лебед (Gouden Zwaan Dansprijs), која важи за најважна награда од областа на танцот во Холандија, а која до сега ја добиле уметници од рангот на Јири Килијан, Ханс ван Манен, Начо Дуато, Кристина де Шател, Ед Вуб, Руди ван Данцинг и др.
Тим Персент е и уметнички директор на фестивалот ИТС фестивал од Амстердам, кој годинава ќе се одржи по 24 пат и кој важи за еден од најважните фестивали во Холандија. Тој веќе подолго време е дел од танцовата компанија “LeineRoebana“, која работи под раководство на кореографското дуо Andrea Leine и Harijono Roebana, чии претстави се изведуваат ширум Европа и во Индонезија, Канада, Танзанија, Русија, Бразил и САД.
Покрај работата на современите танцови техники, Тим Персент работи со танчерите на Скопје танцовиот театар и на поставување нова кореографија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.