Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна сведочењето на обвинителот од СЈО Рустеми за „Рекет“

0
By Соња Трајковска on August 16, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство пристигна во Обвинителството за организиран криминал, каде треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Рустеми беше повикан да сведочи во ЈО вчера, но неговото сослушување беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ“, каде тој го застапува обвинението.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.. Во вторник на распит е повикана и шефицата на СЈО Катица Канева.

Стефанова и Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“. Во вторник во Обвинителството е повикана и Катица Јанева.

Јанева се заканила на обвинителите во СЈО: Ако не ме браните ќе измислам работи за вас

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера соопштија дека во овој случај во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба.

Исто така дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини, велат од Обвинителството.

Обвинителството ги одзеде мобилните телефони на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но едниот од телефоните беше форматиран и на него немаше никакви сочувани податоци.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција уште наведуваат дека во интерес на постапката нема однапред да споделуваат информации за дејствијата што ги преземаат во предметот, па така и за лицата што се повикани или има во план да бидат повикани да дадат исказ и ќе споделуваат информации што нема да наштетат на понатамошната постапка.

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

Засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески остануваат во притвор, откако вчера Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им ја продолжи мерката за уште 30 дена.

Бојан Јовановски и Зоран Милески, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

 

обвинителство Рустеми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.