Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна тридневната манифестација „Звуците на чаршијата“

0
By Нова ТВ on September 16, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 16, 2019 16:08

Тринаесеттото издание на манифестацијата „Звуците на чаршијата“  почна попладнево на плоштадот „Скендербег“ со промоција на литературни дела со мотиви од Старата скопска чаршија.

Беше промовирана книгата „Ала турка – ала франга“ од дизајнерката Елена Максимовска во која таа  го разработува начинот на облекување во 19 век во Скопје – ориенталното влијание, од една страна, и навлегувањето на модните новини од Западна Европа, од друга страна. Покрај оваа, беше промовирана и книгата „Бојана на Тодор“ од Бојана Тренчевска.

До крајот на денов ќе има и изложба на фотографии од чаршијата од Арбнора Мехмети и Зоран Шекеров, настапи на неколку културно-уметнички друштва, изложби, балетска претстава, концерти на Брасстет, Емин Салихи бенд и Кода бенд, проекција на отворено на филмот „Враќање“ во паркот на Скопското кале, со што ќе заврши првиот од трите фестивалски денови.

Манифестацијата ќе продолжи утревечер во 20 часот со изложба-инсталација на уметникот Исмет Рамичевиќ на платото на Универзитетот УЈИЕ. Од 21 часот на плоштадот „Филип Втори“ ќе има концерт на кој ќе настапат повеќе изведувачи меѓу кои и годинашната претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска.

„Звуците на чаршијата“ ќе заврши в среда  со уште еден концерт од 21 часот на плоштадот „„Филип Втори“, со настап на Канита Сума, Линдон Бериша, Елвана Шата и диџеи.

Манифестацијата ја организира Културно-информативниот центар-Скопје под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура. Директорката на КИЦ-от  Сермине Пурини изјави дека се задоволни од масовноста на настаните во изминатите изданија.

– „Звуците на чаршијата“ е веќе бренд. Задоволни сме се од посетеноста, иако концептот не е за настани со публика, туку отворени настани што ги следат минувачи, туристи и посетители на чаршијата. Вечерните концерти се многу посетувани и има до 10 000 граѓани, затоа што имаме доста познати пејачи од регионот, додаде Пурини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.