Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува 40. ЕП во кошарка: Континентот го напаѓа трофејот на Шпанија

0
By Нова ТВ on August 30, 2017 СПОРТ
Фото: fiba.basketball
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со утрешните мечеви во групите А и Б во Хелсинки, односно, Тел Авив, стартува 40. издание на Европското првенство во кошарка во машка конкуренција што и овојпат ќе се игра во четири држави. Покрај Финска и Израел, домаќини на група се и Турција и Романија. Шампионатот ќе трае до 17 септември со завршните дуели во Истанбул.

Шпанија е во улога на бранител на титулата и со шесте НБА кошаркари важи за најголем фаворит за првото место ако се имаат во предвид многуте откажувања, дел поради пензионирање, а дел поради повреди, во селекциите како Србија (без Теодосиќ, Калиниќ, Недовиќ, Симоновиќ, Радуљица) и Франција (без Паркер, Козер, Батум и Гобер). И Србите и Французите, сепак, имаат материјал за висок пласман и се надеваат на место на Фајналфорот во „Синан Ердем Дом“.

Грција има солиден состав иако е без Јанис Адетокумбо, но играше по принципот „топло-ладно“ во контролните настапи. Кошаркарскиот тим на јужниот сосед допатува на турнирот и со нарушени меѓучовечки односи по тепачката меѓу играчите во подготвителниот период, па останува да се види дали и какви последици ќе остави сето тоа во играта на селекцијата што има две злата од ЕП.

Прашањето што го поставуваат Германците е како без Дирк Новицки во иднина. Одговорот ќе добијат на шесте меча во групата Б во Тел Авив меѓутоа, покрај легендата на Далас Маверикс, во тимот ги нема и Плајс, Ципсер, Цирбес, па голем дел од товарот ќе падне врз НБА ѕвездата, Денис Шредер.

Енигма е што и колку може Италија без Барњани и Џентиле, го нема ниту Галинари. Надежи, во нивно отсуство, се полагаат во Белинели, Мели и извонредниот Луиџи Датоме, клупскиот колега на Перо Антиќ од Фенербахче.

Како фаворит за највисок пласман важат Израелците кои ќе настапат во најсилнот состав што го имаат на располагање. Лидерската улога ја има Омри Каспи од Лос Анџелес Клиперс чија поддршка треба да бидат Гал Мекел, Јотам Халперин и и капитенот Гај Пнини. И, секако, Турција која ќе ужива неверојатна поддршка од своите фанови во групната фаза и во нокаут пресметките што ќе следуваат.

ЕП во кошарка – Турција, Израел, Романија, Финска

Утре играат

Група А (Хелсинки), 1 коло

Словенија – Полска (13,45 ч.)

Исланд – Грција (16,30 ч.)

Франција – Финска (20 ч.)

Група Б (Тел Авив), 1 коло

Германија – Украина (15,45 ч.)

Литванија – Грузија (18,30 ч.)

Италија – Израел (21,30 ч.)

ЕП 2017 Кошарка (м) Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.