Кошаркарско ЕП: Словенија против Шпанија за финале

Предводени од Горан Драгич и Лука Дончич во шутерското четврт-финале, „змајчеки“ ја поразија Летонија со 103:97 (по четвртини: 34:23, 17:32, 25:11, 27:31). „Фуријата“ претходно ја елиминира Германија по триумфот со 84:72. Денеска на шампионатот и двата преостанати дуела од четврт-финалето. За 17,45 часот е закажан мечот меѓу Грција и Русија, а од 20.30 часот ќе следува и пресметката на Србија и Италија

ЕП во кошарка: Шпанија прва до полуфинале

„Фуријата“ во четврт-финалето ја совлада Германија со 84:72 (по четвртини: 16:19, 18:14, 31:20, 19:19) и за учество во мечот за титулата го чека подобриот од вечерашниот судир меѓу Словенија и Летонија од 20,30 часот

ЕП во кошарка: Италија и Грција меѓу осумте најдобри

Грците во осминафиналето ја поразија Литванија со 77:64 и го чекаат подобриот меѓу Русија и Хрватска. „Азурите“ подобри од Финска со 70:57 и за место на Фајналфор ќе играат против победникот од дуелот Србија - Унгарија

ЕП во кошарка: Словенија и Германија први четвртфиналисти во Истанбул

„Змајчеки“ во осминафиналето ја совладаа Украина со 79:55, „панцерите“ ја елиминираа Франција со 84:81. До крајот на денот во Истанбул уште две пресметки во топ 16 фаза. Финска и Италија ќе играат од 17,45 ч., а во вечерниот термин (20,30 ч.) Литванија против Грција

ЕП во кошарка: Чудо на Израел, Финска пак преку екстра баскет

Израелците имаа минус 16 во последната четвртина против Германија, но понесени од преполната арена во Тел Авив и триото Хаувел, Каспи и Пнини на крајот славеа со 82:80 за прва победа во групата Б. Финците, по Франција, преку екстра баскет ја совладаа и Полска со 90:87 во групата А

ЕП во кошарка: Франција и Литванија на поправен

„Триколорите“, од 15,30 ч., ќе играат против Грција во дербито на втората рунда во групата А во Хелсинки, Литванците, пак, во вечерниот термин во Тел Авив ќе бркаат прва победа на шампионатот против домаќинот на групата Б, Израел. Најпривлечниот меч во групата Д, во Истанбул, е меѓу Русија и Србија од 16 ч.

До победа во последната четвртина: Хрватска се намачи со Унгарија

„Коцкестите“ ја стегнаа одбраната во завршните десет минути во кои ги сведоа Унгарците на само пет коша за конечни 67:58 на крајот. Богдановиќ најефикасен во составот на Александар Петровиќ со 23 поени. Првата „стотка“ на завршниот турнир во продукција на Белгија