Повеќе од еден милион и 700 илјади муслимани од целиот свет денеска пристигнуваат во најсветото место за исламските верници, Мека во Саудиска Арабија на годишниот аџилак.
Овогодишниот аџилак е во знакот на враќањето на Иранците по минатогодишниот бојкот од страна на Техеран, кога одлучи да не испраќа свои граѓани во Мека по стампедото од 2015 година и судирот со Саудиска Арабија поради егзекуцијата на еден шиитски свештеник.
Исто така оваа година, аџилакот е и во сенка на најтешката политичка криза во Заливот во последните неколку децении, откако четиричлениот блок на чело со Саудиска Арабијау ги суспендира сите врски со Катар на 5 јуни, обвинувајќи го дека ги поддржува исламските екстремисти. Сепак, саудискиот крал одлучи да им додели визи на сите аџии од Катар, и воедно ќе ги плати и нивните трошоци.




