Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува летната градежна офанзива на улиците и булеварите

0
By Biljana on June 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Град Скопје соопшти дека ја почнува летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во претстојниот период, како што информираат од Град Скопје, предвидено е да почнат градежни работи на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини.

Планирана е изградба или проширување на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од булеварот „Свети Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри, бул.„АСНОМ“ од бул.„Гоце Делчев“ до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри, ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од бул.„Јане Сандански“ до бул.„Трета македонска бригада“, на должина од 1.000 метри и на раскрсниците: на ул.„Скупи“ и бул.„8 Септември“, на бул.„8 Септември“ и бул.„Никола Карев“ и на бул.„Никола Карев“ и бул.„Словенија“ (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток).

Градежни работи за реконструкција на постојниот коловоз, пак, ќе се изведуваат на: ул.„Бутелска“, на потегот од ул.„Александар Урдаревски“ до обиколницата, на должина од 850 метри, бул.„Борис Трајковски“, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри, ул.„Лука Геров“ на потегот од кружниот тек кај пожарната до ул.„Волковска“, на должина од 1.800 метри, бул.„Киро Глигоров“ од бул.„АСНОМ“ до бул.„Александар Македонски“, на должина од 1.500 метри, ул.„Индира Ганди“, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри, бул.„Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од новата железничка станица до бул.„Кочо Рацин“ и на бул.„Крсте Мисирков“ на потегот од бул.„Кузман Јосифовски Питу“ до бул.„Гоце Делчев“ на должина од 650 метри.

„Градот Скопје продолжува да гради со засилено темпо, со рекордно кратки рокови во сите 10 скопски општини. Скопје продолжува да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај. За потсетување, во текот на есенската градежна офанзива на Град Скопје, пред крајот на 2020 година, беа обновени многубројни сообраќајници во повеќе скопски општини, со посебен акцент на реконструкцијата на источниот влез во градот. Сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови, од 10 до 30 дена“, стои во соопштението.

Град Скопје реконструкција на улици улици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.