Денеска попладне во Рим започнува најголемото судење на членови на мафијата во современ Рим, во кој на 46 обвинети ќе им се суди за измама тешка повеќе милиони евра. Сите се упасени во операцијата позната како „Главната мафија“, која открила докази за спрега меѓу мафијаши, бирократи и политичари.
Главни обвинети се Масимо Кармиати, некогашен член на озлогласената крајно десничарка банда Маљана, и негоиот соработник Салваторе Буци, инаку осудуван за убиства.
Кармиати, кој уште е познат под прекарот “Пиратот“, откако во една престрелка со полицијата го изгубил едното око, е осомничен дека испорачувал коверти со готовина за некои римски функционери – мито за да добива милионски тендери.
Полицијата објави бројни аудио снимки, на кои се слушаат како обвинетите отворени разработуваат криминални шеми.
Судењето ќе започне во главната судска зграда во Рим, но потоа од безбедносни причини ќе се одвива во судски бункер во затворот Ребибиа. Се очекува да трае до јули следната година.




