Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува процесот за регионални депонии за управување со цврст отпад

0
By Нова ТВ on October 31, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 31, 2018 14:25

Конечно отпочнува процесот за креирање на регионални депонии за управување со цврстиот отпад кој ќе ги реши пробелемите со управувањето со отпадот на целата територија на земјава, најави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата за финансиски средства за подоготвка на тендерска документација за издавање на управување со комунален отпад во Југозападен, Пелагониски, Вардарски  и Југоисточен регион под концесии. Реализиацијата на овие инвестиции ќе се врши по пат на издавање на регионално управување со комунален отпад под концесиија, рече Бошњаковски на денешната прес-конференција во Владата.

Прецизира дека Пелагонискиот, Варадарскиот, Југозападниот и Југоистичниот регион донесоа одлуки обврската да ја предадат на Владата.

– Како Влада ќе ја спроведеме постапката за издавање на управување со комунален цврст отпад согласно со Законот за концесии и јавно-приватно партнерство за овие плански региони, рече Бошњаковски и потсети дека во Пелагонискиот и Југоисточниот регион сите општини веќе ја имаат донесено одлуката и се подготвени да започнат со постапка за избор на концесионер.

Проблем има, како што кажа, во Вардарскиот каде одлука нема донесено само општина Росоман каде треба да биде сместен регионалниот центар, а иста е и ситуацијата во Југозападниот регион каде едниствено општина Дебарца каде нема донесено одлука, а токму таму треба да биде сместена регионалната депонија.

– Со општините Дебарца и Росоман потребно е дополнително да се разговара со цел да ги прифатат резултатите од студиите кои се изработени со ИПА дека тоа е најсоодветно решение за управување со цврст отпад во Република Македонија. Овие општини би требало да имаат сенс и да се согласат дека на нивна територија е потребно  да се изградат овие регионални центри, бидејќи во спротивно ќе се изгубат значителни финасиски средства и дополнително време, посочи Бошњаковски.

Тој нагласи дека преку ИПА фондовите веќе се обезбедени средства за реализиација на регионалните депонии за Источниот и Североисточниот плански регион. За Полошкиот регион, додаде, почната е изработка на техничка документација со помош на Швајцарската влада

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.