НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува расправата за Предлог законот за употреба на јазиците

3
By Нова ТВ on September 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог закон за употреба на јазиците денеска влегува во Собранието. Тој ќе биде на дневен ред на Комисијата за европски прашања.

Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).

– Во институциите од член 1 став (3) од овој закон  на државната власт во Република Македонија службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо во: комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи кои што ја сочинуваат државната власт (Собрание на Република Македонија, Претседател на Република Македонија, Влада на Република Македонија, судство, јавно обвинителство), Уставен суд на Република Македонија, Народен правобранител на Република Македонија, во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, во радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и во други области, се вели во образложението на овој закон.

Целта е според предлагачите, на граѓаните да им се овозможи користење, употреба и примена на службени јазици и нивните писма  во судските, управните, извршните постапки, предистражните и истражните постапки, кривичните и прекршочните постапки, парничните и вонпарничните постапки, постапката за извршување на санкции, како и другите постапки предвидени со други закони, судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции.

Институции, пари, ознаки

Законот ја регулира и употребата на јазикот од страна на избраните или именуваните функционери ако се во институции чие седиште е во Скопје или општини во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик. Тие во службената комуникација ќе можат да го употребуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните и неговото писмо, доколку најмалку еден од нив зборува службен јазик различен од македонскиот јазик.

Со законот се уредува и материјата за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија. Пратеник, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија на седница на Собранието на Република Македонија и на седници на работните тела може да зборува и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти. Пратеник, кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија кога претседава со седница на собрание или седници на работни тела, согласно законот ќе може да ги води на тој јазик.

И седниците на Владата, на комисиите, како и на генералните колегиуми, доколку со нив претседава избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик а кој јазик го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, ќе може да ги води на тој јазик и писмо.

Стенограмите од седница на Собранието на Република Македонија и од седници на работни тела,  како и од другите материјали и документи се издаваат и се чуваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Институциите се обврзани по службена должност да обезбедат употребата, комуникацијата и постапките да се одвиваат на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку лицето, односно учесникот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија.

Сите одлуки и други акти, како и легитимациите кои произлегуваат од надлежноста на наведените институции опфатени со законот се на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку лицето, односно учесникот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија.

Исто така, веб страниците на институциите и содржината на веб страниците покрај на македонскиот јазик и неговото писмо, задолжително ќе се објавуваат и на јазикот различен од македонскиот јазик кој го зборуваат најмалку 20 од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Називите на институциите како и сите други институции и нивните подрачни единици во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на албански јазик. Називите ќе бидат со иста големина и фонт, при што називот на македонски јазик и писмо ќе биде напишан прв.

Книжните и кованите пари, како и поштенските марки, согласно законот, ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и на албанскиот јазик. Истото важи и за поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите, фактурите, бандеролите.

Во судските, управните, извршните постапки, постапка за извршување на санкции, предистражни и истражни постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, како и другите постапки пред судовите, јавните обвинителства како и сите други органи, тела и институции, се применуваат македонскиот јазик и албанскиот јазик. Во постапките пред нотар, нотарските исправи и заверки ќе се издаваат на македонски јазик и на албански јазик.

Униформите на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и во општините каде живеат 20 проценти Албанци, исто така ќе бидат двојазични.

Лични документи и топоними

Законските одредби предвидуваат за граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните на Република Македонија, образецот на личната карта да се печати и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните на Република Македонија, на нивно лично барање, податоците за личното име што се внесуваат на личната карта и во пасошот или патниот се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

Седниците на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии во Скопје и единиците на локална самоуправа во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, при спроведување на изборите во работата и постапките на сите комисии и други тела и институции подеднакво се користат, употребуваат и применуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните и неговото писмо.

Име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект во сите единици на локалната самоуправа каде што најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, како и во Скопје се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните и неговото писмо како и на јазиците што се општо прифатени од меѓународната заедница.

На граничните премини на Република Македонија и аеродромите кои се наоѓаат на подрачјата каде најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик називите на институциите, другите натписи и патокази се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните и неговото писмо.

Како што се вели во образложението на законот, за негово остварување и спроведување се основа „Агенција за примена на јазикот“ надлежна за стандардизирање и воедначена употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните со помошни тела за поддршка на институциите. Освен тоа, се предвидува и формирање Инспекторат за употреба на јазиците во состав на Министерството за правда.

Во предлог-законот, кој е со европско знаменце, предвидена е глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра за органите како и сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон. Глоба во износ од 30 проценти од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното лице и одговорното лице за непочитување на Законот.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи неодамна изјави дека очекува Законот за употреба на јазиците да се најде пред пратениците на 13 септември и да добие поддршка од сите политички партии.

закон за употреба на јазиците Комисија за европски прашања расправа Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.