Денеска почнува снимањето на вториот игран филм на Илија Павлов со наслов „Емил врати се“, во продукција на „Персона филм“ и на „Кино Балкан“.
Според режисерот Павлов, снимањето ќе се одвива во такси низ цело Скопје со цел, како што вели, да се остави еден специфичен печат на градот кој наскоро ќе стане метропола.
Главните улоги во филмот се доверени на актерите Душица Настова, Никола Ристановски, Симона Димковска, Оливер Митковски, Васко Атанасоски (21 век), како и околу 150 други ликови од државата.
Првиот долгометражен филм на Илија Павлов е насловен „Гласот на тишината“ (Rebirth: Voice of silence), во кој тој е режисер, кинематографер и актер, а покрај него се појавува и актерката Вучица Настова. Филмот беше премиерно прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“.