Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува увидот во Избирачкиот список: Рокот за запишување, бришење и дополнување е 9 септември

0
By Sashko on August 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите почнува денеска и ќе трае до 9 септември. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска на увид ја става новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/, или во нивните канцеларии и подрачни единици.

До 9 септември, граѓаните може да достават барање за запишување, за бришење или за дополнување во Избирачкиот список во писмена форма до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните, така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Од 16 август, кога започна собирањето на потписи за независни листи до вчера се собрани потписи за четири независни кандидатски листи, а рокот истекува на 30 август во 24 часот.

Во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК се собрани потписи за листата на кандидати за советници за Општина Центар, со носителот Јана Белчева – Андреевска, советничката листа за општина Кавадарци со Петар Камчевски, советничката листа за општина Росоман со Ристо Сакалиев и советничката листа за општина Кочани со носителот Аки Акиев.

Собирањето на потписи продолжува за Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје, за Васко Костов, кандидат за градоначалник на општина Карпош, Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола, Дејан Велиновски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица, Сенат Усеиноски, кандидат за градоначалник на општина Охрид и за Слободан Даневски, кандидат за градоначалник на општина Свети Николе.

Продолжува собирањето потписи и за советничките листи за општина Могила, со носителот Борче Бучиновски, за Сејдо Селиов и листа на кандидати за членови на совет на општина Виница, за советничката листа за општина Чешиново-Облешево со носителот Франческо Наоков.

Граѓаните можат да ја дадат својата поддршка и за Милош Стаменковиќ и листа на кандидати за членови на совет на општина Куманово, за советничката листа за општина Охрид со носителот Арбен Демироски, за советничката листа за општина Охрид со носителот Антонио Наумовски и советничката листа за Охрид со носителот Стевче Стевоски.

Поддршка за учество на претстојните локални избори граѓаните можат да им дадат и на советничката листа за општина Свети Николе со носителот Ристе Андонов, советничката листа за општина Велес со носителот Гарп Немиш, советничката листа за општина Гази Баба и носителот Дејан Димитровски, за советничката листа за општина Карпош и носителот Невена Горгиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Карпош и за Драгана Велковска и листата на кандидати за членови на Совет на Град Скопје.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК работат секој ден од 8 до 20 часот. На 27, 28 и 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот.

ДИК ги интензивира подготовките за изборите, а на последната седница се донесени неколку нови упатства за изборите и програми за едукација. На 25 август се очекува да пристигнат првите 250 апарати за вчитување на отисоци од прсти и системот што ќе се употребува за првпат на овие локални избори во Северна Македонија.

Во меѓувреме, партиите постепено ги објавуваат кандидатите за градоначалници и носители на советничките листи.

Владејачката СДСМ и коалицијата најавија дека најдоцна до 24 август (вторник) ќе објават дел од кандидатите за градоначалници.

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште 19 кандидати за градоначалници, меѓу другото, за Куманово каде партијата ќе ја претставува актерот Тони Михајловски, за скопската општина Ѓорче Петров – доктор Александар Стојковски, за Бутел – Дарко Костовски, за општина Македонски Брод – Жарко Ристески, за Свети Николе – Дејан Владев, итн.

ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива, исто така, најавија соработка на локалните избори.

ЛДП и ДОМ за прв кандидат за градоначалник го најавија  бизнисменот Виктор Петков.

Кандидатските листи за локалните избори треба да бидат поднесени до Општинските изборни комисии (ОИК) најдоцна до 11 септември на полноќ, а треба да бидат потврдени и огласени од ОИК најдоцна до 18 септември.

Изборната кампања за првиот круг започнува на 27 септември на полноќ и завршува на 15 октомври на полноќ.

Изборите, што повторно ќе се одржат со протоколи за заштита од ширење на ковид-19, се закажани за 17 октомври. Вториот круг од изборите треба да се одржи на 30 октомври.

Дик Избирачки список Македонија рокови увид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.