Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнуваат Деновите на руски јазик и култура, вечерва концерт на класична музика

0
By НОВА ТВ Balaban on September 22, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 22, 2021 11:28

На 25 септември за сите што ја сакаат руската култура, историја и јазик Рускиот центар организира квиз „Колку добро ја познаваш Русија?“. Квизот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, а победниците ќе добијат интересни награди со руска симболика.

Со концерт на руска класична музика во Музејот на македонската борба, вечер свечено ќе бидат отворени Деновите на руски јазик и култура во земјава на иницијатива на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На концертот вечер ќе учествуваат еминентните македонски музичари Ана Кондратенко, Бојан Илковски, Бојан Талевски, Марија Михајловска, Марија Вршкова, а ќе бидат изведени дела на Рахманинов, Чајковски и Шостакович.

Во рамки на програмата на манифестацијата, што ќе трае до 30 октомври, утре вечер, љубителите на руската кинематографија во Кинотеката ќе можат да го погледнат воениот филм на рускиот режисер Андреј Богатирјов „Црвениот призрак“ со превод на македонски јазик.

На 25 септември за сите што ја сакаат руската култура, историја и јазик Рускиот центар организира квиз „Колку добро ја познаваш Русија?“. Квизот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, а победниците ќе добијат интересни награди со руска симболика.

Од 26 до 28 септември во Рускиот центар ќе се одржи Третата меѓународна конференција „Руски јазик, литература и култура: минато, сегашност и иднина“. На конференцијата ќе присуствуваат околу 60 учесници од 10 земји. Покрај различни научни секции, ќе има посебна секција посветена на 200-та годишнина на големиот руски писател Достоевски.

Отворена трибина на тема „Превод и издавање на руската литература“ ќе се одржи на 29 септември, во кафе-книжарницата „Буква“, на која ќе има можност да се разговара со уредници на познати македонски издавачки куќи. Тие ќе говорат за местото на руската книжевност во нивните издавачки програми, а исто така, и за застапеноста на класичната и современата руска литература во македонската издавачка сфера.

– Месецот октомври ќе биде посветен на посета на училишта каде се изучува рускиот јазик во Македонија. За учениците ќе се одржат кратки предавање за Русија, руската култура и литература, а на библиотеките на училиштата ќе им бидат подарени книги на руски автори во превод на македонски, наведуваат организаторите.

Настанот се реализира на иницијатива на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Русија во Северна Македонија и компанијата „Лукоил Македонија“, а се финансира од страна на Фондацијата „Руски Мир“.

Влезот на сите настани е бесплатен. За влез е потребен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19. Поради ограничен број места, задолжително е пријавувањето на ruskicentar@ukim.edu.mk. 

Деновите на руски јазик и култура почнуваат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.