Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнуваат европските избори – ќе се гласа до недела

0
By Нова ТВ on May 23, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 23, 2019 09:02

Околу 400 милиони Европејци од 28 земји-членки на ЕУ од денеска до недела ќе ги избираат своите претставници во Европскиот парламент со мандат во следните пет години.

Први што гласаат денеска се холандските и британските, додека во повеќето земји-членки европските избори ќе се одржат в недела, на 26 мај.

Резултатите што ќе го одредат составот на деветтиот Европскиот парламент ќе бидат познати истиот ден околу 22 часот.

Секоја земја со свои правила

На секои пет години од 1979 година, граѓаните на земјите-членки на ЕУ ги избираат своите претставници во Европскиот парламент како единствено тело на ЕУ кое се избира директно на избори.

Како и на претходните избори во 2014 година, сега се избираат вкупно 751 пратеник од 28 земји-членки.Членовите се избираат пропорционално, членки со помалку жители, како што се Малта или Луксембург, имаат 6 пратеници, додека повеќето членови на Европскиот парламент доаѓаат од Германија (96) и Франција (74).

Според проценки на аналитичари и анкети на јавното мислење во ЕУ, се очекува дека актуелните, но и најстарите сили на европскиот десен и лев центар да продолжат да имаат парламентарно мнозинство во новиот парламентарен состав на Европскиот парламент.

Последните проценки се дека моментално најголемата Европска народна партија (ЕПП), и покрај пад од сегашните 217 места, ќе остане најбројна со очекувани 180 пратеници. Потоа следат социјалдемократите (СД) со очекувани 149 пратеници (во однос на 188 од постоечкиот состав), Алијансата на либералите и демократите (АЛДЕ) со 76 и Зелените со очекувани 57 места во новиот состав на Европскиот парламент.

Освен падот на бројот на т.н. „традиционални партии”, се очекува дека во деветтиот состав на Европскиот парламент, екстремната десница ќе освои повеќе мандати.Последните истражувања покажуваат дека политичката група Европа на нациите и слободата (ЕНФ), предводена од пратениците на францускиот Народен фронт на Мари Ле Пен, може да добијат 62 места во споредба со 37 од сегашниот состав.

Што потоа?

Европските избори се претходница на големи промени во европските институции што ќе бидат извршени до крајот на 2019 година. Во тие месеци ќе има неколку клучни етапи.

На 26 мај, по затворањето на изборните места во Италија (по 21 по Гринич), националните власти на секоја од 28-те држави членки ќе може да објават резултати. ЕП се очекува да објави прогнози за состав на идниот парламент по 18 часот по Гринич врз основа на излезноста.

На 28 мај ќе има вонредна седница на врвот на ЕУ на која ќе се разгледаат резултатите од гласањето.

Секое „политичко семејство“ веќе ќе се знае колку пратеници ќе има во ЕП и ќе настапи момент за преговори за наследници на Жан Клод Јункер и на Доналд Туск – за шеф на ЕК и на ЕС.

На 20 и 21 јуни ќе има нова средба на врвот на ЕУ – завршување на номинациите за водечките европски функции.

Во јули ќе има две работни сесии во ЕП. Првата е од 2 до 4 јули и втората од 15 до 18 јули. Тогаш ќе биде избран новиот шеф на ЕК, избран од државните и владините лидери.

Наесен ЕП ќе се произнесе за составот на новата ЕК, но претходно секоја членка ќе достави име на еврокомесар.

Стапувањето на функција на новата ЕК е предвидено за 1 ноември. Новиот претседател на Европскиот совет ќе стапи на функција на 1 декември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.