Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Под покровителство на Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ, осуден кадар доби „државна тајна” и дипломатски луксуз — Левица со реакција за разузнавачот Тодоровски

0
By Zoran Ivanov on August 4, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 4, 2026 14:46

Итен и целосен надзор над постапката, одговорност за директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, објаснување од Агенцијата за национална безбедност и од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, но и произнесување од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, бара Левица, по информациите што ги објави „Слободен печат“, дека разузнавачот Киро Тодоровски,  осуден на условна казна за предметот „Титаник“ со потврда од Кривичниот суд дека е осудуван, бил испратен да ја претставува Агенцијата во Виена.

Овој случај покажува дека институциите задолжени да ја штитат државата се претвораат во перална за биографии. Осудата се третира како мала непријатност, безбедносната проверка како небитен формулар, а дипломатијата како награден аранжман за кадри што системот решил повторно да ги употреби. Сега имаме и преседан каде криминалната биографија не е пречка во кариерата, туку препорака за Виена. Доколку институциите и натаму молчат, ќе биде јасно дека не чуваат државна тајна, туку ја чуваат тајната на партиското кадровско подземје, реагираат од Левица.

Во реакцијата тие се осврнуваат на одговорот што го доби „Слободен печат“ од Дирекцијата, во којшто се тврди дека на Тодоровски последно му бил издаден безбедносен сертификат согласно членот 59 од Законот за класифицирани информации, кој ги пропишува условите кога едно лице може да поднесе повторно барање за издавање на безбедносен сертификат.

Од партијата порачуваат дека исполнувањето на рокот за повторно поднесување на барање за сертификат, не ја „чисти“ биографијата на Тодоровски.

Законот дозволува поднесување на ново барање по истекот на определен период, но не ја претвора претходната осуда во небитен податок, ниту ги ослободува АНБ и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации од обврската да утврдат дали постои безбедносен ризик. Особено кога подзаконските прописи изречно наложуваат да се цени дали лицето во релевантниот период било осудено за дело што може да претставува пречка за пристап и ракување со класифицирани информации. Оттука, суштинското прашање не е само дали Тодоровски имал право повторно да поднесе барање, туку кој, врз основа на кои факти и со какво образложение оценил дека правосилната осуда во „Титаник“ не ја доведува во прашање неговата доверливост, интегритет и лојалност кон уставниот поредок, се вели во реакцијата.

За Левица уште посомнителен и одговорот на ДБКИ дека во тек била дополнителна безбедносна проверка, откако му бил издаден сертификат „државна тајна“.

Ако проверката не била завршена, зошто бил издаден сертификатот? Ако била завршена и резултатот бил позитивен, што точно дополнително се проверува откако лицето веќе добило пристап до највисоко класифицирани информации и било испратено во странство? Државната тајна не е пробен период, па прво да се додели сертификат, функција и дипломатски привилегии, а потоа институциите да утврдуваат дали кандидатот воопшто ги исполнува условите – велат од партијата.

Тие ја спорат и брзината на целата постапка, со оглед на тоа што, според кривичната пријава, која стигна до редакцијата на „Слободен печат“, Тодоровски добил сертификат за три месеци, иако безбедносната проверка може да трае најмногу шест месеци.

Класифицираноста може да заштити оперативни податоци, но не смее да служи како црна завеса зад која ќе се сокриваат кадровски одлуки, можни злоупотреби на процедурата и трошење јавни пари. За овој случај не може да молчи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Кабинетот на претседателката не може да се однесува како случајот да се случува во туѓа институција. Кога орган под нејзина непосредна институционална надлежност испраќа осудувано лице на чувствителна позиција во странство, молкот престанува да биде воздржаност и станува политичко покровителство, порачуваат од партијата.

„Слободен печат“ доби потврда од Кривичниот суд дека Тодоровски има „црно на бело“ дека е правосилно осуден на условна казна од две години ако во наредните месеци не стори ново кривично дело, откако признал вина.

Податоци од судот барала и Државната комисија за спречување на корупцијата, која има отворено предмет откако кај неа стигнала пријава. Пријавите и до Антикорупциската комисија и до Обвинителството стигнаа и до редакцијата на „Слободен печат“, а според таа што е пратена до ДКСК, Тодоровски бил вратен на работа во ноември 2025 година, а добил сертификат „државна тајна“ во февруари оваа година, за по неколку месеци да биде испратен во Виена да ја застапува Агенцијата меѓу другите претставници на безбедносните и разузнавачките служби.

Освен спорниот сертификат, во кривичната пријава за Агенцијата за разузнавање поднесена до скопското обвинителство, се спори и фаворизирањето на Тодоровски по секоја цена да замина во Виена и тврдења дека се менувани правилници, и се пробивале рокови. Агенцијата за разузнавање категорично ги демантираше наводите и ги оцени како неоснован, невистини и дезинформации.

Извор: Слободен печат.мк

 

АНБ виенаи Киро Тодоровск Левица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.