Иако бизнисите на индијската „Сахара“ се протегаат од финансирање и сопствеништво на медиуми до мотори во Формула 1, таа никогаш не била транспарентна за изворот и трошењето на милијарди долари, пишува Ројтерс.
Веќе неколку години покренати се сомненија за милиони инвеститори на Сахара, за кои се верува дека се само фиктивни имиња.
Минатиот месец, претставници на Директоратот за борба против економски криминал го посетиле седиштето на компанијата, како дел од истрагата за перење на пари.
– Бидејќи податоците се огромни, ќе биде потребно време да се објават детали од истрагата, вели еден од претставниците за Ројтерс, кој побарал да остане анонимен.
На прашањата доставени до компанијата од медиумот, не одговорила ниту Сахара.
Сахара веќе ги има негирано обвиненијата дека за време на својот финансиски план 2008-11, а за таа намена испратила 127 камиони со документи за своите инвеститори во 2013 година со Индискиот борд за безбедност и трговија (СЕБИ).
За кредибилноста на инвеститорите, односно дали тие се фиктивни имиња, расправаше и Врховниот суд на Индија, кој побара од Сахара да врати 5.4 милијарди долари на сите кои инвестирале во финанискиот план 2008-11.
Сахара важи за една од најголемите финансиски институции и работодавци во Индија, а има реализирано огромни проекти надвор од земјата.
Основачот на компанијата, Субрата Рој скоро 2 години е во затвор во Њу Делхи, бидејќи не ја почитуваше одлуката на судот.




