Сенаторот од Тексас, Тед Круз, поразениот во трката за претседателски кандидат на Републиканците во говорот на изборната конвенција во Кливленд не му даде поддршка на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп.
Тој му честиташе на Трамп на победата, но за време на говорот не ја поддржа кандидатурата, не ги повика своите симпатизери да гласаат за њујоршкиот милијардер, ниту пак рече дека тој ќе гласа за него.
– Сакам да видам дека принципите во кои верува нашата партија ќе победат во ноември“, рече Круз и ги повика граѓаните „да гласаат според својата совест“. Гласајте за кандидатите од листата за кои верувате дека ќе ја бранат нашата слобода и оти ќе бидат верни на Уставот, рече Круз.
Над 2.000 делегати на конвенцијата го исвиркаа Круз и го прекинуваа во говорот со извикување на името на Трамп. Негодувањето беше толку интензивно што сопругата на Круз, Хејди, мораше да слезе од бината.
Трамп во порака на Твитер напиша оти обраќањето на Круз „не е голема работа“ и дека го видел неговиот говор два часа порано, „но сепак го оставил да зборува“.




