Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подготовки за референдум: Избирачкиот список на увид од 9 до 23 август

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По конституирањето на Државната изборна комисија (ДИК) и усвојувањето на Правилникот и Роковникот, продолжуваат техничките подготовки за претстојниот референдум што е закажан за 30 септември.

Според Роковникот, ДИК до 2 август доставува барање до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за доставување податоци за вработените во државната и во општинската администрација, администрацијата на Град Скопје и јавната администрација, а МИОА треба да одговори за пет дена, најдоцна до 7 август.

По добивањето на информацијата од МИОА, ДИК во рок од пет дена ги формира општинските изборни комисии, ги дополнува со нови членови и заменици на местото на оние на кои по разни основи им престанал мандатот. Одлуките со кои се формираат, односно дополнуваат ОИК, се објавува во Службен весник најдоцна до 12 август.

Во рок од три дена од денот на формирање на ОИК, а најдоцна до 15 август, ДИК до нив треба да ги достави податоците за вработените во државната, општинската администрација и администрацијата на Град Скопје и јавната администарција кои имаат живеалиште на територијата за која е надлежна ОИК за формирање на избирачките одбори.

Со оглед дека на референдумот ќе гласа и дијаспората, ДИК во рок од три дена од распишување на референдумот, до 2 август, до Министерството за надворешни работи (МНР) требаше да упати барање за доставување на податоците за дипломатите вработени во соодветно дипломатско-конзуларно претставништво, (конзуларни канцеларии), заради избор на претседател и заменик-претседател на избирачки одбор за спроведување на гласање во ДКП-то. Од МНР имаат рок до 7 август да ги достават бараните податоци до ДИК.

ДИК веќе упати јавен повик до граѓаните за проверка на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот. Увидот во податоците почнува на 9 август и ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот.

Доколку сметаат дека е потребно да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него, граѓаните тоа може да го направат преку веб-страницата на ДИК https://izbirackispisok.gov.mk/ и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември 2018 година станале полнолетни, наведуваат од ДИК.

Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК може да се најде на линкот:http://www.sec.mk/kontakt/.

Дик Избирачки список референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.