Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесен предлог за отворање на стечајна постапка за Бетон АД Скопје

0
By Sashko on September 27, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 27, 2022 11:33

Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје четврти месец нема исплатено плата на вработените, а сметката му е блокирана повеќе од 45 дена. Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање соопшти дека, во име на вработените од ДГ Бетон АД Скопје, вчера до Основниот граѓански суд Скопје поднел Предлог за отворање на стечајна постапка, откако во период од девет месеци ги искористиле сите правни механизми за да ги добијат заостанатите плати и компанијата да продолжи да работи.  

Претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, на прес-конференција рече дека вработените што ги застапува ќе го искористат и последниот законски дозволен механизам и не се повлекуваат, како што рече, од намерата компанијата да оди во стечај и, покрај заостанатите плати, од стечајната маса ќе побараат и исплата на заостанатите регреси за годишен одмор за 2021 и за 2022 година.

„Синдикатот за градежништво и работниците повеќепати пријавуваа во Државниот инспекторат за труд за незаконско работење на работодавачот, но покрај законските задолженија да исплаќа плата тоа не го стори и вработените веќе четврти месец немаат земено плата. Сметаме дека овие законски загарантирани права на вработените ќе успееме да ги наплатиме барем на суд“, рече Пешевски на прес-конференцијата во седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Укажа и дека вработените овие денови се притиснати да потпишуваат договори на определено време, односно анекси на постојните и сами да се спогодат старите договори на неопределено време да не им важат. Апелираше да не потпаѓаат на, како што рече, какви било притисоци и закани за отказ, туку да чекаат она што е предложено до судот со отворањето стечајна постапка. 

Имајќи ја предвид структурата на вработените, рече Пешевски, поголем дел од нив ќе бидат обесштетени од Агенцијата за вработување со надомест во случај на невработеност односно до пензија.

„Како прв човек на синдикатот ги охрабрувам сите вработени да се јават во судот како доверители штом биде објавено на огласна табла во судот, за што повторно ќе информираме преку медиумите“, истакна Пешевски.  

Рече и дека новото раководство на компанијата „Бетон“-Скопје е единствено виновно што овој гигант наместо во декември да одбележи 75 години постоење, ќе премине во рацете на доверителите и на стечаен управник.

Во оваа пригода претседателот на ССМ, Дарко Димовски соопшти дека за стечајна постапка се размислува и за Водостопанство, затоа што четврти месец не се исплатени плати.

„Сојузот на синдикати на Македонија заедно со агросиндикатот каде што делуваме во АД Водостопанство, кое е во државна сопственост, ќе бараме исто да се поведе претстечајна постапка зашто вработените веќе четверти месец не зеле плати. Денеска ќе имаме средба со директорот на Водостопанство и јасно ќе му ги изнесеме овие факти и по кој основ ќе ја поднесеме претстечајната постапка доколку не се исплатат три заостанати плати и четвртата која е тековна и се работи во септември“, информираше Димовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.