Македонската ракометна репрезентација ја совлада Турција со 26:23 (полувреме: 15:14) во првиот од двата гостински меча во Ескишехир во рамки на т.н. ЕХФ недела. Жарко Пешевски беше најефикасен со осум гола, Мартин Поповски реализира шест, Марио Танкоски го заврши мечот со четири реализации.
Утре попладне од 16 часот, „црвено-жолтите“ ќе играат и против Италија по што ќе следува враќање во Скопје на двомеч со Грузија во СЦ „Борис Трајковски“.
Четирите меча што националниот тим ги договори за оваа недела се подготвителни за настапот на Европското првенство во Норвешка, во Австрија и во Шведска во јануари во 2020 година.