Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поемата „Азбукословецот“ ја доби наградата „Григор Прличев“

0
By Нова ТВ on October 7, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 7, 2013 13:46

„Азбукословецот“ под шифра „Аз-буки“ ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра необјавена поема на македонски литературен јазик за 2013, што на анонимен конкурс ја доделува АД Просветно дело-Детска радост.

Одлуката ја донесе тричлено жири-Милован Стефановски, претседател и членовите Бранко Цветкоски и Иван Чаповски, а беше соопштена на денешната прес-конференција. Откако авторот ќе се пријави, неговото име дополнително ќе биде соопштено, објавува МИА.

– Поемата „Азбукословецот“ со поднаслов „Во слава на свети Климент премудриот кој посеа житница на неграмотна нива и кој со песна ги допира ѕвездите“ е кохерентна целина на исклучително стамен пев составен од 1.110 стихови поделени на три дела. Со цврсто потпирање на нашата традиција на веќе усвоените вредности и освоените вертикали на подолгите поетски творби со лирско-епски карактер, овојпат со наградената поема добиваме дело за кое речиси со сигурност може да се предвиди дека ќе заземе едно од значајните места во македонскиот поетски трезор, рече претседателот Стефановски.

Очигледно е дека се работи за опитен автор, за поет кој, како што рече, не само што покажува дека располага со богат лексички фонд, туку и докажува дека има дарба токму вистинските зборови мошне умешно да ги вгради во трпеливо обликувани, во маестрално избрусени стихови.

– Од вкупно пристигнатите 19 поеми на годинашниот конкурс, „Азбукословецот“ најмногу го заслужува толку посакуваниот вредносен печат што го означува „прличевскиот дух“ на пеење, а совпаѓањето, пак, со одбележувањето на 1.150 годишнината од словенската писменост само го збогатува впечатокот дека успешно се продолжува книжевната традиција на великиот македонски поет Григор Прличев, потенцира Стефановски.

Во најтесен избор за наградата биле и поемите „Сенка на векот“, „Седмиот ден“, „Лудобилје“ и „Цветот од Белица“. Наградата „Григор Прличев“ ќе биде врачена на 5 февруари 2014 година во Охрид.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.