Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поезијата на Ацо Шопов за првпат препеана на бугарски јазик

0
By Нова ТВ on November 28, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 28, 2013 18:03

Во среда 27 ноември 2013, во КИЦ на Република Македонија во Софија, се промовира книгата Раѓање на зборот од македонскиот поет Ацо Шопов, во препев на бугарски јазик (издавач „Авангард принт”, од Русе). Книгата е објавена по повот одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот класик.

Изборот и препевот му го должиме на бугарскиот поет и сликар Роман Кисјов, кого македонската публика има можност да го запознае преку книгата Словото Пастир (Скопје, Макавеј, 2010) во препев на Ефтим Клетников.

НОВА ТВ премиерно го објавува предговорот на Раѓање на зборот од Роман Кисјов во превод на македонски.

Поезија роденa од зборот
Роман Кисјов

Поезијата на Ацо Шопов одамна е позната во Европа и во светот. Препеана е на најголемите светски јазици и продолжува да се препејува… Но во Бугарија досега остана непозната, освен за еден мошне тесен круг поети и специјалисти. Донекаде тоа и не е толку чудно кога се има предвид дека до пред петнаесетина години македонската литература воопшто не беше позната кај нас, ниту се објавуваше, ниту се зборуваше за неа… Истото важеше и за современата бугарска литература во Република Македонија. Но во текот на изминативе неколку години сепак ваквата ситуација почна да се менува. Почнаа првите обиди да се рушат ѕидовите што политиката долги години ги ѕидаше (а и денес продолжава да ги ѕида) со цел да нè раздели. И покрај сè, благодарение на поетите, писателите и издавачите, и од двете страни, процесот на меѓусебно запознавање стана постојан и неповратен… Во Бугарија излегоа десетици книги на македонски автори, претежно поети (што се должи на високото ниво на современата македонска поезија). А поезијата на Ацо Шопов – неоспорен класик на македонската поезија -, некако необјасниво остана непозната за бугарскиот читател.

Јас лично за првпат го слушнав неговото име пред десетина години, а наидов на негова книга во Македонија пред само три години. Восхитен од поезијата на Ацо Шопов веднаш потоа преведов и објавив десетина песни, за денес конечно да дојдеме до ова издание (Раѓање на зборот), до оваа прва книга во Бугарија од овој голем поет, книга којашто се “раѓа” во своето бугарско постоење, во пресрет на 90 годишнината од раѓањето на поетот. А тој, поетот, иако одамна го има напуштено нашиов грешен свет, продолжува да живее бројни животи, во различни јазични инкарнации, имено преку Зборот.

Ми се чини дека поезијата на Ацо Шопов плени и фасцинира не само поради големиот талент и мајсторство на нејзиниот автор, туку и благодарение на нејзината возвишеност и идеализам, коишто – особено денес, во ова бездуховно, прагматично и технократско време – можеби делуваат речиси утописки и анахронично… но се во суштина носители на универзални вредности, свртени кон Човекот и исконите, оние вечни вредности на кои се темели и од кои црпи енергија човековото постоење…

Оваа поезија фасцинира затоа што во неа, на специфичен начин се сплотуваат егзистенцијалното и метафизичкото, минливото и вечното, живоста и меланхолијата, верата и недоверието, смиреноста и непримирeноста, интуитивното и контемплативното, сензуалноста и мисловнoста… Оваа поезија плени најмногу со својата природност и човештина, без призвук на патос или фалш…

Ова е поезија на Роден поет, поезија родена од Зборот, поезија родилка на “зборот што се дели од темнината”, што е “тврда вилица на времето” и “вечен копнеж по далечините”… Поезија којашто го изречува Неизреченото со посретство на Тишината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.