Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поголем број на новороденчиња во Маврово и Ростуше споредено со минатата година

0
By Marija Todorovska on December 2, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 2, 2024 15:16

Дебар: Зголемен наталитет е забележан во општина Маврово и Ростуше каде за единаесет месеци исплатен е еднократен паричен надоместок за 38 новороденчиња, што е за двапати поголем број, споредено со истиот период минатата година.

-Во периодот јануари-ноември имаме доделено 38 ваучери, односно еднократен паричен надоместок, наспроти 18 истиот период минатата година или 19 во текот на цела 2023 година. До септември надоместокот беше во износ од по 5 илјади денари, по што тој е зголемен на 9 илјади денари. Ваучери за новороденчиња ќе доделуваме и до година, што е осма година на ред, изјави Букурија Беќири, раководител на Oдделението за човечки ресурси во општината.

Бебешки бонус општината доделува врз основа на едногласно донесената одлука на Советот на општината, во 2018 година, во рамки на Програмата за здравствена, социјална и детска заштита и до сега ова право е исплатено за околу 220 бебиња.

– Ова право се доделува само за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на Општина Маврово и Ростуше, но не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај а живеат и работат во странство или во друга општина во државава, додава Беќири.

Според неа, општината неколку години по ред доделува и еднократна помош за сите првачиња, годинава, во износ од по 6 илјади денари, како и по 10 илјади денари за секој редовен но и вонреден студент, доколку е невработен.

Општината Маврово и Ростуше опфаќа 35 населени места, дел од нив се целосно иселени а согласно последниот попис од 2021 година има вкупно население од 5.042 наспроти 8.618 жители според пописот од 2002 година. 

Дебар Маврово наталитет новороденчиња Ростуше
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.