Published: Wednesday, May 13, 2015 13:19
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го погубил министерот за одбрана Хјон Јонг Чул бидејќи заспал во негово присуство, пишуваат странските медиуми.
Тој бил погубен бидејќи не покажал лојалност кон култот на личноста на Ким Јонг Ил. Хјон бил убиен на 30 април пред стотици луѓе со топ, јавува агенцијата Јонхап.
Според непотврдени информации, Хјон наводно заспал за време на настан на којшто присуствувал Ким Јонг Ун и не ги следел неговите упатства. Хјон бил последен пат виден ден пред неговото погубување.




