Published: Sunday, May 21, 2017 13:07
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се враќа на чело на владејачката Партија на правда и развој, на денешниот конгрес на партијата што е во тек.
Ова му го овозможуваат неодамнешните уставни промени за проширување на овластувањата од референдумот на 16 април, откако Ердоган се повлече од лидерското место и воопшто од партијата, бидејќи така предвидуваше стариот Устав.
На ова претходеше повторното зачленување на Ердоган во партијата на 2 мај.
На конгресот на кој тој е единствен кандидат за лидер, Ердоган ќе го преземе местото од актуелниот партиски лидер Бинали Јилдирим, кој ќе го добие новововеденото место потпретседател.




