Published: Saturday, May 30, 2015 20:22
Активисти за правата на хомосексуалците денес се обидоа да одржат парада во центарот на Москва, но полицијата ги спречи во обидот.
Полицајците ги приведе активистите, а околу 30 контрадемонстранти со макси на лицата фрлаа со јајца на активистите.
Руската полиција приведе и неколку православни контрадемонстранти. Обидот за протест го следеа многу руски и странски новинари.
Геј активистите за човекови права инсистираа на одржување на настанот на 30 мај и покрај тоа што судот во Москва забрани да се одржи таков протест.
Хомосексуалците во Русија се соочи со редовни малтретирања. Тие бараат да се одржи парада на гордоста во главниот град, но власта постојано одбива.




