Published: Thursday, June 25, 2015 10:30
Околу 400 полицајци со поддршка на воени хеликоптери синоќа упаднале во местото Лазарет на југот на Албанија, каде што непознати лица убиле еден полицаец, а раниле двајца други.
Локалните медиуми јавуваат дека во текот на целиот вчерашен ден таму се слушало пукање.
Полицијата соопшти дека за нападот биле осомничени дваесетина луѓе и апелира до жителите на Лазарет да соработуваат.
Лазарет, кој се наоѓа на 230 километри јужно од Тирана, е најголем центар за производство на канабис. Се проценува дека таму годишно се произведуваат околу 900 тони канабис, вреден околу 4 ипол милијарди евра.




