Српската полиција уапси 79 лица, во акцијата која важи за најобемната досега во борбате против корупцијата, а помеѓу уапсените се и поранешниот министер за трговија и за земјоделство Слободан Милосављевиќ, неколкумина некогашни помошници министри и директори на јавни претпријатија, како и повеќе бизнисмени.
Како што соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, уапсените се товарат дека на државата и нанеле штета од над 100 милиони евра.
Стефановиќ на вонредна прес-конференција во Белград информира дека акцијата е спроведена врз основа на истраги водени уште во 2004 година.
– Акцијата ќе продолжи и немкој нема да биде поштеден, изјави Стефановиќ, додавајќи дека веќе се поднесени кривични пријави против 39 луѓе.
Милосављевиќ, кој е член на опозициската Демократска партија (ДС), беше министер за трговија, туризам и услуги од 2001 до 2004 во владите на Зоран Ѓинѓиќ и Зоран Живковиќ.
Од 2007 до 2008 беше министер за земјоделство во владата на Војислав Коштуница, а потоа од 2008 до 2011 и министер за трговија и услуги во Кабинетот на Мирко Цветковиќ.




