Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичката клима за уставните измени омекнува, партиите би седнале на заедничка маса

0
By Соња Крамарска on October 25, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
По енергетската криза, темата за уставните измени може да биде нов катализатор за соработка меѓу Владата и опозицијата за стратешките прашања на државата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека за уставните измени политичките партии треба да седнат на маса и да разговараат за да може да се дојде до прифатливо  решение. Веќе сите политички партии,  според Ковачевски, имаат позитивен однос кон уставните промени, па дури, како што рече, и оние кои биле изрично против.

„Добро е дека се разговара за уставните измени, гледате дека се отвори диксусија, сметам дека тоа треба да биде процес кој се одвивал како и до сега, низ процедура која е пропишана согласно со нашите закони. Штом ќе биде отворена таква процедура, кога ќе се види дека има волја, практично консензуална волја тоа да се направи а гледам дека сите политички партии  веќе имаат позитивен однос кон уставните промени, па дури и оние кои беа изричито против, сега кажуваат дека врз основа на одредени услови би поддржале уставни промени, сметам дека треба да се седне на маса“, изјави денес шефот на Владата.

Тој ги повика сите политички партии да ги кажат своите размислувања и својот став во однос на уставните промени и да може на крајот да се дојде до решение кое би било нормално прифатливо за сите, алудирајќи притоа и на барањата од  Алијанса за Албанците и Беса формулацијата „20 проценти во Уставот да се замени со „албански јазик“.

Дали претстои промена на политичката клима околу прашањето за уставните измени, по денешната изјава на Ковачевски, и особено по сигналите што минатата седмица ги прати опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека е можно да гласаат доколку Европа даде гаранции дека нема да има други бугарски барања.

„Наша цел е да бидеме во ЕУ и тоа е цел на сите граѓани. Кога некој од Европа или од Брисел ќе дојде и ќе даде јасна гаранција пред овој македонски народ и пред граѓаните на Македонија, тогаш можеме да седнеме и да разговараме за се“, рече Мицкоски. Оваа изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ многумина ја оценија како ревизија на првичниот тврд став на конзервативната партија да не даде поддршка за уставните измени.

И градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој ја извршува и функцијата лидер на партијата Алијанса за Албанците, најави дека неговата партија оваа недела пред домашната јавност и пред дипломатите ќе ги презентира барањата и предлозите како нивен услов да дадат поддршка на уставните измени за внесување на бугарското малцинство во Уставот.

Денеска и премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски навести нов дух во разговорите и соработката околу исполнувањето на клучниот услов за продолжување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Прашан дали ќе седне на разговори и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  Ковачевски денес рече дека е нормално да има средба со  лидерите на сите политички партии секогаш кога ќе има прашање од интерес за сите граѓани. „Со Мицкоски се видовме кога беше францускот предлог,  сега за енергетската криза, и тоа е една нормална комуникација помеѓу претседатели на парламентарни политички партии. Нормално дека ќе се видиме секогаш кога ќе има прашање кое е од интерес за сите граѓани, како што се гледаме и со претседателите на другите политички партии“, рече Ковачевски.

С.К.

Арбен Таравари Димитар Ковачевски уставни измени Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.