Италија се спрема за нови избори во јули, октомври или почетокот на 2019 година по неуспехот на политичките партии да најдат договор за составување влада.
Последните избори во Италија се одржаа на 4 март.
По два месеци неуспешни преговори, претседателот на Италија Серџо Матарела побара вчера составување на “неутрална” влада, составена од експерти, влада што би ја водела државата до крајот на оваа година. Оваа влада би требало да го усвои буџетот пред крајот на годината. Во меѓувреме исто така би се донел и нов закон за избори кој би овозможил полесно формирање владина коалиција. Денешниот италијански систем е комплексен и делумно одговорен за овој политички ќорсокак.
На изборите на 4 март десната коалиција, предводена од екстремно десната Лига освои 37 отсто гласови. Движењето 5 ѕвезди – антисистем партија – освои 32 отсто гласови и центар левата Демократска партија со само 19 отсто гласови.
Но, ова сценарио со неутрална влада не му се допаѓа на Движењето 6 ѕвезди а таа партија има мнозинство во Парламентот. Тие претпочитаат брзи избори а овој став го поддржува и Форца Италија, партијата на екс премиерот и милијардер Силвио Берлускони.
Според претседателот Матарела, неутралната влада би се повлекла штом политичките партии успеат да се договорат за нова влада. Ваква влада би можела да не ја добие довербата на Парламентот поради спортиставувањето на политичките партии. Потоа, претседателот би морал да го распушти Парламентот и да распише избори веќе во јули.

Матарела предупреди дека на избори во ек на летото можат да донесат мала излезност а без реформа изборниот закон партиите повторно да се најдат во ќорсокак.
Шефот на државата е единствениот што може да го распушти Парламентот и тоа може да го направи подоцна за да можат изборите да се одржат на есен. Но, ризикот на ова сценарио е неусвојување на буџетот за 2019 година а тоа е опаснос и може да доведе автоматско зголемување на ДДВ или меѓународни шпекулации за италијанските финасии.
Оттука, Матарела се надева на зрелоста и одговорноста на политичките партии кои треба, според претседателот, “да дадат позитивен одговор во интерес на Италија”.
(АФП)




