Хрватските гласачи не и дадоа на ниту една партија во Хрватска доволно гласови за формирање влада, и иако Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои најмногу пратенички места допрва следуваат коалициски пазарења.
ХДЗ е во предност да формира влада, но ниту вторите на изборите, Социјалдемократите не се доволни за формирање на мнозинство во Парламентот.
– Јас сум сигурен сум дека по победата ние ќе бидеме партијата која ќе ја има привилегијата да формира стабилна влада во следните четири години, изјави Андреј Пленковиќ, лидерот на ХДЗ.
Од Хрватска се бараат неколку многу важни реформи од страна на Европската унија, а меѓу нив, намалување на високиот јавен долг, намалување на буџетскиот дефицит, реструктурирање на јавната администрација и слично.
Од друга страна и лидерот на Социјалдемократите, Зоран Милановиќ, изрази надеж за формирање на следната влада.
А Хрватите се чини се помалку им веруваат на лидерите на партиите, бидејќи за разлика од изборите пред 10 месеци, вчерашната излезност беше за 10 отсто помала.