Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политика на апсурдот

0
By Zoran Ivanov on April 21, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 21, 2026 16:03

Бошко Нацевски: Ако забележувате, во овој хаотичен амбиент од сложени проблеми во светски размери, ние својот, не баш импресивен политички капацитет, го трошиме во јалови мудрувања. Без логични ефекти…

Се чини премногу се занимаваме со вековниот проблем со нашите источни соседи. Војна водевме од нив да се ослободиме, сега од уста не ги вадиме и секогаш во негативна конотација. Велат добрата мисла и мудриот збор се клучот и за најтешката железна врата. Треба да ги третираме како ближни комшии. Всушност, тој факт е неменлив.

На Радев, и покрај тоа што му имаме многу за враќање, изборната победа треба да му ја честитаме, а на граѓаните добробит и просперитет да им посакаме. А што се однесува до

онаа улична збирштина од болникави типови, националистички задоени жралови, на кои антимакедонизмот им е висококалорична храна, негаторството, примитивна идеологија, бидете сигурни, во било која политичка варијанта, тие не се менуваат, не се опаметуваат. Ќе продолжат со нивниот лаеж голема Бугарија да ја посакуваат. Ќе дозбудалат од тоа што виртуелните Санстефански граници и будни

ќе ги сонуваат. Нив никакви разговори, историски и културни артефакти не ги опаметуваат. Тој вид стрвници, политички мативоди, треба едноставно да се игнорираат. Со пренагласена антбугарштина или антимакедонштина во вокабуларот со кој во многу пригоди пораките си ги разменуваме, само огинот на антагонизмот го разгоруваме. Нам, како и ним, посебно во овој амбиент во кој на планетава застрашувачки еруптира милитаризмот, неопходен ни е дијалог за негување на политиките на разумноста и цивилизираноста.

Инаку, апсурдни се размислите дека некој може да ми го земе идентитетот, јазикот, историјата, културата и колоритноста на фолклорното богатство, вековно создавано и наследено. Ние сме тоа што сме. Се друго е политика на апсурдот.

Извор: Фејсбук

бошко нацевски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.