Началникот на полицијата во Копенхаген, Сорен Томасен рече дека сторителот ги таргетирал жртвите по случаен избор. Томасен рече дека полицијата не верува дека нападот бил чин на терор и дека осомничениот има историја на проблеми со менталното здравје.

„За мене е важно да нагласам дека во работата што ја работевме во текот на ноќта нема ништо што укажува дека осомничениот што го уапсивме бил заедно со други или му помагале други.

„Нашата проценка е дека жртвите се случајни жртви. Дека тоа не е мотивирано од пол или нешто друго“, рече тој.

Вчера убиец пукаше во шопинг мол во Копенхаген. Загинаа тројца, четворица се потешко повредени од кои еден се бори за живот. (Би-Би-Си)