Четворица од шестмина мажи уапсени вчера се обвинети за терористички дела, јавува Би-Би-СИ.
Во групата е и клучниот осомничен Мохамед Абрини, кој исто така е баран во врска со нападите во Париз во кој загинаа 130 лица во ноември минатата година.
Тој пред Обвинителството сам признал дека е „човекот со шапка”, виден од видео надзорот на CCTV, пред експлозиите на аеродромот во Брисел на 22 март.
Во нападите на аеродромот и метро станица во Брисел загинаа 32 луѓе .
Покрај Абрини, останатите обвинети се именувани како Осама К, Ерве БН, и Билал ЕМ. Тие се обвинети за „учество во терористички акти” “поврзани со бомбашките напади во Брисел.
Двете други лица беа уапсени вчера се ослободени.Обвинителството потврди дека неколку апсења биле направени во врска со нападите во Брисел.
Во нападите на аеродромот и метрота станица во Брисел билансот е 32 мртви, додека загинати во нападите во Париз на 13 ноември се 130 луѓе.




