Published: Saturday, June 18, 2016 12:17
Во полициската рација во 40 домови ширум Белгија, уапсени се 12 лица под сомнеж дека планирале нови напади. Вкупно 40 лица биле приведени во полициската акција во текот на минатата ноќ, а 12 од нив се задржани.
Извршени се претреси во куќи и гаражи во 16 општини, повеќето во Брисел и околината.
Во текот на операцијата немало инциденти а истрагата не отркива детали.
Локалните медиуми соопштуваат дека од синоќа белгискиот премиер Шарл Мишел, како и министрите за правда, за внатрешни и за надворешни работи, и нивните семсјтва се под зајакното обезбедување.




