Безбедносните сили на Хондурас денеска спроведуваат полициски час поради немирите по претседателските избори во кои најмалку три лица ги загубија животите.
Стотици луѓе се уапсени по минатонеделните избори од кои се уште нема одредено победник. Опозицијата обвини дека власта се обидува да ги украде резултатите.
Изборната комисија на Хондурас предложи повторно пребројување 6% отсто од гласовите додека опозицискиот кандидат Салвадор Насраља бара пребројување на поголем процент.
Досегашниот претседател Хуан Орландо Ернандес води со мала разлика на изборите. Изборната комисија до вчера изброи 95 отсто од гласовите, а броењето од над 1000 спорни кутии, каде се забележани неправилности, ќе се врши рачно.
Прелиминарните резултати покажуваат дека Ернандес води со 46 илјади гласови. Демонстрантите, во очекување на изборните резултати, со судрија со полицијата, која употреби солзавец, водени топови и шок бомби. Според полицијата, биле повредени најмалку 12 луѓе.