Во текот на изминатите 24 часа е документирано дека забраната за движење не ја очитувале 98 лица од кои 67 се приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се издадени решенија за изолација на 109 лица, а 140 потпишале изјави за самоизолација.
„Притоа, во рамки на редовните полициски контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки, соопшти МВР.