Полската тенисерка Ига Свјонтек и Онс Жабер од Тунис ќе играат во финалето на последниот гренд слем турнир во сезоната – Ју-Ес Опен.

Свјонтек, која е најдобро рангирана на ВТА листата, во полуфиналето ја совлада белоруската тенисерка Арина Сабаленка со 3:6, 6:1, 6:4, додека петта тенисерка во светот, Жабер беше подобра од Каролин Гарсија од Франција со 6:1, 6:3.

За 21-годишната Свјонтек ова е прво финале на Ју-Ес Опен во кариерата, во која има две гренд слем титули на Ролан Гарос.

Нејзината противничка во утрешното финале, Жабер ќе игра во второ гренд слем финале во кариерата, а нејзин најголемн успех во Њујорк досега ѝ беше пласман во третото коло.