Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Половина век „Љубански илинденски иселенички средби”

0
By Mirjana on July 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 31, 2021 10:24

Утре и задутре (1 и 2 Август), во познатото преспанско село Љубојно, ќе се одржат 48-те, по ред, „Љубанските илинденски иселенички средби“, кои, во изминатиов речиси половина век, израснаа во значајна иселеничка манифестација не само за Љубојно и Преспа, туку и за земјата во целина, со силен одек во македонската дијаспора.
Средбите се дел од Илинденските чествувања, слободарскиот дух и сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, а годинава се посветени на великанот на македонскиот јазик и опстој Блаже Конески, за што е програмирана посебна манифестација.
Вообичаено, ќе започнат со изведба на македонската химна и поздравни обраќања на д-р Живко Гошаревски, градоначалник на Општина Ресен и Слободан Близнаковски, директор на Агенцијата за иселеништво.
По истиот повод ќе биде промовирана стихозбирката „Раѓање“ од поетот Бошко Рајчовски – Пелистерски од Детроит, САД за која ќе говори проф. д-р Виолета Ачковска, додека песната „Тешкото“ , ќе ја рецитира поетесата Анета Коруноски-Париз од Чикаго, САД.
Промоција ќе доживее и последниот од шеесетината трудови на Славе Катин од Љубојно „Преспанска разгледница“ што ќе го претстави новинарот, колумнист и публицист Веле Митаноски.
Ќе биде промовирана и монографијата за познатото семејството „Видиновски“ од Торонто, Канада, посветено на познатата македонска поетеса Рада Видиновска за што ќе говори Милчо Јованоски новинар и публицист, како и моногравското дело „Бошко Рајчовски – Пелистерски“, за познатиот и признат иселеник од Љубојно, поетот Бошко Рајчовски – Пелистерски.
Организаторите најавуваат голема народна веселба, со учество на младите и полетни играорци на Друштвото „Гоце Делчев“ од Битола и КУД „Новаци“ од Новаци.
Во текот на двата дена, присутните ги забавуваат групата „Персиди“и естрадните уметници Елена Велевска, Елена Јовческа, Соња Ристевска,Снеже Радичевска, Благојче Стојановски – Туше и Ташко Каранфиловски.

Илинден иселеници Љубојно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.