Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска повикува на референдум за членството на Унгарија во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on March 11, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан за одржување национални консултации (необврзен референдум) за приемот на Украина во Европската Унија предизвика бурни реакции во Полска.

Националните консултации, кои унгарската влада веќе ги користела во неколку наврати, подразбираат анкетирање на граѓаните за прашања што ги смета за клучни, но немаат обврзувачки карактер.

Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека, доколку Унгарија организира референдум за членството на Украина во ЕУ, тогаш тој би сакал да види и „референдум во ЕУ за членството на Унгарија, со Орбан на чело“.

Оваа изјава иницираше нова дебата за тоа дали Унгарија треба да остане во Унијата.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, возврати преку „Фејсбук“, обвинувајќи ги полските власти дека „газат врз владеењето на правото“ и дека нивните политики се насочени кон продолжување на војната, додека Унгарија се залага за мир.

Полската Влада, заедно со Брисел, се обидува да ги блокира мировните преговори, додека напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мир имаат сериозни шанси за успех,  изјави Сијарто.

Тој истакна дека продолжената поддршка за Украина би била огромен финансиски товар за ЕУ, во време кога економската конкурентност на блокот опаѓа.

– Ако лидерите во Брисел насилно ги спроведат своите планови, тоа ќе предизвика економска трагедија за Европа – додаде унгарскиот министер.

Сијарто оцени дека унгарската влада ќе ги почитува резултатите од националните консултации за пристапните преговори со Украина и предупреди дека евентуалното забрзување на процесот би имало „драматични економски последици“ за европската економија.

 

ЕУ Полска референдум Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.