Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска за падот на воениот дрон: Русија повторно ги провоцира земјите од НАТО

0
By Zoran Ivanov on August 20, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски реагираше на синоќешниот инцидент, кога воен дрон се урна во источна Полска, а министерот за одбрана тврди дека станува збор за дрон од руско потекло.

Како што објави на социјалната мрежа Икс, тоа е „уште едно нарушување на нашиот воздушен простор од исток“ што, според него, потврдува дека најважната мисија на Полска во рамките на НАТО е одбраната на сопствената територија.

Сикорски рече дека ќе биде поднесен официјален протест „против сторителите“, без да ја именува земјата за која се верува дека стои зад инцидентот.

Полскиот вицепремиер и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш потврди дека се верува дека дронот што експлодираше во Полска синоќа потекнува од Русија, објави „Гардијан“.

„Русија повторно ги провоцира земјите од НАТО по инцидентите со дронови во Романија, Литванија и Латвија“, рече тој.

Ова се случува во особено важен момент, додека се во тек мировните преговори. Се случува во време кога постои надеж дека војната што ја започна Русија – војна против украинската држава, но и војна што ја загрозува безбедноста на земјите од НАТО – има шанса да заврши.

Ќе кажам едно со сигурност: Русија никогаш нема да го признае ова. Исто како што не призна ниту еден од осумте инциденти во Молдавија, три во Романија, три во Литванија, два во Латвија или инцидентот со дронот во Бугарија, рече Косињак-Камиш.

 

дрон Полска руски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.