Published: Thursday, March 2, 2017 17:18
Европскиот пратеник од Полска Јануш Корвин-Мике изјави дека жените мораат да заработуваат помалку од мажите бидејќи не се интелигентни како мажите.
Овие зборови беа изречени во Европскиот парламент (ЕП) на пленарна сесија во дебата за изедначување на платите помеѓу жените и мажите:
“Се разбира дека жените треба да заработуваат помалку од мажите затоа што се послаби, помали и помалку интелигенти”.
Одговорот дојде од Шпањолката Ираче Гарсиа Перез:
“Знам дека проблем ви е тоа што денес жените можат да го претставуваат народот во исти услови како и вие. Јас ќе ги бранам жените од мажите како вас”.
Овој европски пратеник стана познат по нацистичкиот поздрав направен пленарна сесија на ЕП во 2015 година.





