Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полскиот премиер на годишнината од почетокот на Втората светска војна бара од Германија репарации

0
By Blerina Tahiri on September 1, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Полска денеска се одбележува 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во Вилун, централна Полска, на 84-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна, и порача на Германија дека нејзиното извинување за злосторствата и уништувањето не е доволно, туку дека мора да плати воени репарации за да можат двете земји да функционираат нормално.

– Полска и Германија денес се партнери во Европската унија, но за да можат да функционираат во иднина мора да го затворат тоа поглавје од Втората светска војна. Не е доволно „паметиме“. Треба да ги обесштетиме жртвите. Ние не бараме само сеќавање и вистина, туку сатисфакција во вид на репарации за да можеме да го затвориме тоа поглавје од историјата, рече утрово Моравјецки.

Централното одбележување на 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна почна во 4:45 часот во Вилун, првиот полски град што беше бомбардиран, и на полуостровот Вестерплате кај Гдањск, каде што беа испукани првите салви од германскиот воен брод Шлезвиг-Холштајн врз полскиот гарнизон на тој полуостров на Балтикот на 1 септември 1939 година со што формално почна Втората светска војна.

Претседателот на Полска Анджеј Дуда и министерот за одбрана Мариуш Блашчак им оддадоа почит на бранителите на Вестерплате и војниците кои загинаа во Втората светска војна и порачаа дека Полска, особено по руската агресија врз Украина, мора да ја зајакне армијата и нејзината способност да заплашува за во иднина да не мора да војува.

– Мораме да жртвуваме многу од нашите потреби за да ја зајакнеме нашата војска навреме, за генералот да биде мудар пред битката, а не по неа, пред некој лудак да помисли да ни ја заземе земјата, да мисли дека може да не нападне затоа што сме слаби, рече Дуда на церемонијата на Вестерплате.

Полскиот претседател ја обвини Русија дека повторно се обидува насилно да ги промени границите во Европа и им порача на Полјаците да не бидат наивни и да мислат дека ова е последен таков обид.

– Ништо нема да ја смени историската вистина и документите што постојат. Црвена звезда рамо до рамо со свастиката сакаше да доминира во Европа. Земјата на Полјаците, Литванците, Летонците, Естонците е преплавена со крв. Слободата не се дава еднаш засекогаш. И нема да се зачува сама. Никој нема да ни ја подари, рече полскиот претседател оддавајќи им почит на бранителите на Вестерплате.

Тој потсети дека Полска беше првата жртва на фашистичка Германија на 1 септември 1939 година и оти на 17 септември и Советскиот Сојуз ја нападна Полска и заедно со Хитлер ја распарчи.

Втора светска војна Германија годишнина Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.